Категории

Двојно поскапа од онаа на Кејт Мидлтон: Откриено е колку чини венчаницата на Меган Маркл!

Со месеци се зборува за дизајнот на венчаницата на Меган Маркл, идната сопруга на принцот Хари.

Најпрво се зборуваше дека и таа, како и Кејт ќе одбере венчаница од модната куќа на Александер Меквин бидејќи најдобро се котирала во британските обложувалници. Потоа се спомнуваше и популарната дизајнерка Вера Ванг, но сега веќе нема сомнеж дека Меган ќе се омажи во фустан од лондонскиот бренд „Ralph & Russo“.

Иако невестата венчаницата ќе ја покаже дури на 19-ти мај, кога нејзиниот татко ќе ја испрати до олтарот, веќе е познато дека ќе биде рачно изработена и ќе чини околу 100 илјади фунти, што е околу 113 илјади евра, а трошоците ќе ги покрие кралското семејство. Можеби звучи прескапо, но за изработката на овој фустан вложени се околу сто часови рачна изработка, а сепак ова е венчавка на годината.

Прегледи:
393
Објавено на:
11.05.2018