Категории

Еден од најголемите факти за спанаќот во која се веруваше до денес е лага

Спанаќот за чија конзумација многу родители често ги советуваат своите деца сепак не е толку богат со железо како што се веруваше досега, тврдат германските научници.

– Ова е една од најпознатите нутриционистички грешки – вели Хелга Струбе од Германската асоцијација на нутриционисти, а е плод на грешката од 19.от век.

После спроведениот тест за количината на железо во спанаќот, некој тогаш погрешно евидентирал дека во овој вид на зеленчук на секои 100 грама има од 35 до 40 милиграми железо.

s2

– Точниот податок е 3.5 до 4 милиграми – вели Струбе.

– А, тоа не е доволно за мускули како оние на Попај – се нашалил Струбе.

Освен тоа, железото од растенија како што е спанаќот не е толку употребливо во организмот како она од месото.

– Ниту една намирница не може сама да поттикне раст на мускулите – истакнува Струбе.

Прегледи:
373
Ознаки:
·
Објавено на:
13.11.2016