Категории

Едноставен рецепт како сами да подготвите млеко од кикири

Како напиток а и за колачи, ви споделуваме супер едноставен рецепт како сами да подготвите млеко од кикири

Уште еден додаток во изборот на млеко од јаткасти плодови кој можете да го направите во својот дом. За пијалок е особено важно да е добро изладено затоа што тогаш доаѓа до израз неговиот специфичен вкус.

За литар млеко од кикири ви е потребно:

  • 300 гр. несолени излупени кикири
  • 1 литар вода
  • Прстофат хималајска сол
  • По желба 2-3 урми или 1-2 лажици природен течен засладувач

Подготовка:
Кикирите ставете ги во сад и прелијте ги со вода па оставете ги да се натопат преку ноќ. Ако употребувате суви урми, ставете ги во одвоен сад па кога ќе омекнат, извадете ги коските.
Следниот ден исцедете ги кикирите и ставете ги во блендер, додадете и вода, додадете ги натопените урми или засладувачот. Миксирајте неколку минути па исцедете низ густа цедилка и ставете ја течност аво тегла.

Доколку сакате доста густо и кремасто млеко од кикири, после натопувањето ставете ги кикирите во литар и пол вода и оставете да се сварат. Гответе 30-минути за кикирите да омекнат. Оставете малку да оладат па добро изматете со истите додатоци за да добиете густ напиток кој не е потребно да се цеди.
Чувајте го млекото во фрижидер, пред употреба добро протресете .

Прегледи:
501
Објавено на:
03.07.2020