26- годишната канадска блогерка Тес Кристин е вистински поим за едноставност и убавина. Нејзиниот стил се одликува со многу романтични boho парчиња исполнети со многу колорит и забавни дезени. Таа ги обожава едноставните комбинации како фармерки и кратки маички а вљубена е во лепршавите забавни фустани. Во галеријата ви претставуваме дел од нејзиниот летен стил кој сигурно ќе ви послужи како инспирација ова лето.