Категории

Едноставни и прецизни начини да откриете дали некој ве лаже

Американската асоцијација на психолози во едно истражување дојде до заклучок дека Американците просечно кажуваат по 11 лаги на ден.

Друга студија вели дека 60% од луѓето не можат да поминат повеќе од 10 минути без да кажат некоја лага. Ова се едноставни начини да откриете дали некој ве лаже.

1. Одговорот се крие во деталите. Оној кој лаже секогаш остава специфични детали зад себе. Оној кој ја кажува вистината генерално вклучува детали во раскажувањето на својата верзија од приказната, токму онака како што ја перцепирале. Но, оној кој лаже ќе ги избегне деталите и ќе раскаже потполно неточно тврдење.

2. Избегнување на контакт со очите. Друг начин за да откриете дали некој ве лаже е доколку избегнува да ве гледа во очи додека се обидува да ве убеди.

3. Лоша меморија. Оној кој ја кажува вистината нема никаков проблем да се присети на целокупната ситуација и секогаш се држи до истата верзија на приказната, додека оној кој лаже постојано ќе бара изговори дека не може да се присети на комплетниот тек на настаните.

4. Притиснати усни. Луѓето кои кажуваат лага имаат навика да ги притискаат усните, а на тој начин изразот на нивните лица изгледа тензично и присилено.

5. Луѓето кои лажат почесто го допираат лицето. Допирањето на лицето создава смирувачки ефект на умот кај оној кој лаже. Овие допири можат лесно да ви помогнат да препознаете кога некој ве лаже.

Прегледи:
447
Објавено на:
23.04.2018