Категории

Едноставни и совршени: Поховани палачинки со сирење и шунка на кои никој не може да им одолее!

Може да се служат како топло предјадење, но и како главно јадење со сезонска салата

Состојки:

  • 4 јајца
  • 150 грама брашно
  • 300 мл млеко
  • малку сол
  • малку вода
  • 300 гр шунка
  • 300 гр едамер
  • 100 мл павлака

Подготовка:

  • Подгответе смеса од 2 јајца, 150 грама брашно, 300 мл млеко и малку сол.
  • Изматете ја смесата и испечете ги палачинките.
  • Кога ќе завршите, премачкајте ги со павлака.
  • Ставете шунка и емамер, преклопете ги краевите и завиткајте ги.
  • Извалкајте ги во брашно, а потоа во јајца и презла и пржете ги додека не добијат златно кафеава боја.
  • Послужете со тартар или ѕаѕики сос.
Прегледи:
723
Објавено на:
12.11.2019