Во текот на месец јуни, ЕДУФРОНТ ќе додели една целосна стипендија и две полустипендии на прворангираните ученици на бесплатниот онлајн натпревар за програмирање во Scratch за деца од 9 до 11 години.
Натпреварот ќе се организира во периодот 01 до 08 Јуни 2022 со помош на наставници од основните училишта. Целта на настанот е преку забавен натпревар за програмирање да се зголеми свесноста за најважната писменост на 21 – от век – дигиталната писменост кај децата.
Сите ученици кои сакаат да се пријават на натпреварот тоа може да го направат со пополнување на следната ПРИЈАВА. Рокот за пријавување е до 27 Мај 2022 година.
Натпреварот ќе содржи два дела:
- Теоретски дел со прашања за познавање на програмскиот јазик Scratch, блок наредбите и концепти од програмирањето
- Практичен дел – самостојна изработка на Scratch проект на зададена тема на онлајн платформата на Scratch
Учеството во натпреварот е бесплатно и сите учесници и нивните ментори ќе добијат електронски сертификати за учество. За најдобрите натпреварувачи ќе следуваат награди:
- место – Целосна стипендија за една обука на Едуфронт за учебната 2022/23 година
- место – Полустипендија за една обука на Едуфронт за учебната 2022/23 година
- место – Полустипендија за една обука на Едуфронт за учебната 2022/23 година
Едуфронт е едукативен центар за компјутерска технологија посветен на поттикнување и развивање на дигиталните вештини и иновативниот дух кај децата. Идејата за неговото создавање лежи во важноста на потребата од дигитална писменост и усвојување на дигитални вештини кај децата уште од рана училишна возраст.
Во Едуфронт во тек се рани уписи за сите обуки за деца за следната учебна година. Уписите со 30% попуст на цените ќе траат до 30 Јуни. Ги покануваме заинтересираните деца да ни се приклучат на онлајн обуките кои Едуфронт ги креираше за деца од 8 до 14 год: Digipath – Дигиталните патеки за учење: Програмирање, Веб дизајн и Дизајн.