Готвење – онаа активност што ни е потребна за да останеме живи, но, која што не секој од нас знае да ја прави како што треба.
Некои луѓе се родени готвачи. Едноставно ја имаат онаа смисла за како нешто треба да биде зготвено, кои мери да ги искористат, кои вкусови да ги искомбинираат, и прават навистина нешто вкусно. Но, за некои други луѓе, готвењето е малку повеќе научна фантастика.
Мора да признаеме дека сите сакавме да си испробаме какви готвачи сме, во текот на карантините. И сигурно повеќето од нас испадна дека не не’ бива за ништо, и сепак порачувавме готова храна 90% од времето.
А, што, вие мислевте дека сте сами во тоа? Секако дека не! Човечки е да се греши, како и во се’, така и во готењето.
За да ве мотивираме за тоа дека не сте единствени очајни готвачи, собравме повеќе слики од луѓе на кои кујнските експерименти им имаат пропаднато: