Категории

Ема Вотсон испрати моќна порака, но со граматичка грешка

Младата, талентирана актерка Ема Вотсон важи за феминистка и прилично интелигента личност, но доживеа мал гаф на забавата на Vanity Fair после Оскарите.

Како дел од движетето Time’s Up , таа на својата рака стави привремена тетоважа, но воопшто не забележала дека има грешка.

Имено, се до Оскарите, движењето поттикна многу дами да облечат црно на црвениот килим, но на најгламурозната ноќ во Холивуд нештата се променија. Црната не беше задолжителна боја за подржувачите на движењето, но дамите се појавија со беџови, стикери, но и со тетоважи со слоганот Time’s Up.

Па така актерката Ема Вотсон го испоша слоганот на нејзината рака, но откако се појавија фотографии на интернет, со брзина на светлината се појавија и експертите за граматика.

Ема, откако сфати дека направила грешка, се пошегува на своја сметка и ја призна грешката. Вели дека воопшто не забележала дека има грешка.

Таа на твитер напиша: „Отворена позиција како лектор за лекторирање на лажни тетоважи. Искуството со апострофи е задолжително.“

 

Прегледи:
446
Објавено на:
06.03.2018