Категории

Емоционално интелигентните луѓе ретко се лутат затоа што го следат ова правило

Тие знаат како да останат смирени и во најжестоките ситуации

Познавате ли некого чии одговори секогаш изгледаат донесени на најдобриот можен начин во секоја ситуација, дури и кога емоциите преовладуваат?Голема е веројатноста дека таа личност поседува голема количина на емоционална интелигенција која се однесува на способноста поединецот точно да ги прочита и да управува со сопствените емоции но и емоциите на луѓето околу себе. Емоционално интелигентните луѓе често и понатаму остануваат смирени дури и во најжестоките ситуации и поради тоа нивните односи се складни.Ви ги споделуваме техниките кои вообичаено ги користат друштвено паметните поединци.

Кога се наоѓате во ситуација која предизвикува екстремен емоционален одговор, подаредете си себеси 24 часа пред да го изнесете своето мислење и своите емоции. Кога сте под притисок вашиот нервен состав лудува и вашето тело се преплавува со адреналин, коризол и другии хемикалии кои ве спречуваат да делувате на рационален начин.

Емоционално интелигентните луѓе знаат да останат мирни и сталожените и да ги контролираат своите чувства и да делуваат во склад со нив. Тие знаат дека времето е вреден алат за решавање на проблемите.