Категории

Ева Лонгорија ужива во слатките маки: Поради бебето немам време за фризура

Актерката Ева Лонгорија ужива во првите денови од мајчинството, а иако не објавува често фотографии од едномесечниот син Сантијаго Енрике, актерката одлучила на своите фанови да им го покаже бебето.

„Очајната домаќинка“ не се одвојува од својот наследник кој го доби на 43. годишна возраст со сопругот Хозе Пепе Бастон. Сепак, Ева на фановите им се пожалила дека нема време за себе и дека фризурата и е очајна. Таа со фотографија на која нејзиниот син и спие на градите, и упатила порака на својата пријателка и новопечена мајка, моделот Криси Тајген:

„Хеј, Криси, дали е ова официјалната фризура за доење? Се чувствувам како да сум неуредна. Тешко е да направиш било што за себе поради обврските кон бебето“, напишала Ева.

Сепак, фановите на Лонгорија не и замериле поради ваквиот изглед, порачувајќи и дека изгледа многу поубаво без шминка и дека пегите на лицето и стојат одлично.