Категории

Еве кои намирници го убрзуваат, а кои го успоруваат стареењето!

Намирниците кои ги консумираме доста влијаат врз нашите ментални и физички функции

Стареењето e неизбежен процес во животот на секој од нас. Кај некои луѓе знаците на стареење се видливи порано, додека кај другите благодарение на генетиката, начините на исхрана и животот долго остануваат младолики.

Исхраната игра голема улога во тоа кога ќе почувствуваме првите знаците на стареење. Сета храна и пијалоци кои поминуваат низ желудникот, а на крајот завршуваат во тенкото црево. Тенкото црево разградува се што јадете и пиете на основна база, вклучувајќи ги и витамините и минералите и хранливите материи.
Храна која го убрзува стареењето:
-Сите намирници кои се пржат во длабоко масло како што се чипсот и помфритот
-Крофни, колачи и пецива.
-Масно месо богато зачинето и содржат слаба нутритивна вредност
-Преработено месо
-Премногу пијалаци – до два пијалаци денот можат да бидат корисни, но било што освен повремено пиво или чаша вино предизвикува рано стареење.

Храна која го успорува стареењето:
-Моркови – тие спаѓаат во најздравите намирници а за тоа е заслужен бета-каротенот. Се работи за моќен антиоксиданс кој ги штити нашите ќелии и ДНК-та од слободните радикали – како што загадените материи во околината.
-Производи од соја – соините производи како што се тофу помагаат во спречување на стареењето. Тој е омилен помеѓу вегетаријанците и веганите и има предност во здравата и балансирана исхраба.
-Лосос – познато е дека болестите кои го напаѓаат мозокот и срцето имаат тенденција да целат кон постарите особи. Добро решение е да го замените црвеното месо со слатководна риба, како што е лососот кои осигурува здрави масни киселини.

Прегледи:
698
Објавено на:
19.09.2019