Категории

Еве кои парфеми го истакнуваат вашиот сексапил

Сѐ е кажано во реченицата на легендарната Коко Шанел: “Една девојка ме праша каде да нанесе парфем, а јас и реков – каде што сакаш да бидеш бакната…”.

Секоја капка од омилениот парфем има сила да ги разбуди нашите емоции, да не извлече од сенките и духовно да не катапултира во некоја само наша, многу емотивна, интимна сфера (низ нашето минато).

Парфемот е есенција на доживување на реалноста или клуч на нашите спомени, како што вели писателката Кејт Лорд Браун. Иако во принцип бираме мирис по преференциите кои не се само олфактивни, туку и гурмански, некои формули едноставно не грешат – експертите обожаваат јасмин, ружа и бадем кои наводно, особено кога се заедно, се вистински избор за заведување.

Токму тоа се некои од најчестите мириси кои не мамат да ги носиме… но, од друга страна прават другите да се вртат по нас. Без разлика кои хемиски реакции се случуваат тогаш, со сигурност можеме да кажеме дека тие делуваат не само на моментот, туку и на општото расположение.

1 2

Прегледи:
828
Објавено на:
16.03.2016