Категории

Еве ви сега “дебела”! (фото)

Клои Кардашијан призна дека пред да ослаби и да се посвети на вежбањето во теретана, стилистите одбивале да ја облекуваат, затоа што била “преголема”.

Таа во разговорот за “Harper’s Bazaar” изјави дека луѓето буквално и кажувале “едноставно не можам да работам со тебе”, и сето тоа поради вишокот килограми.

“Тоа отсекогаш ги повредуваше моите чувства”, вели Клои.

Меѓутоа, таа одлучи да се посвети на себе си и пронајде страст во вежбањето, што доведе до тоа да изгледа фантастично.

“Стилистите кои ме одбиваа, сега нема да може да работат со мене. Сега сум во период на ‘е*ете се’. Нема да го наградувам грдото однесување. Дефинитивно мислам дека модната индустрија и луѓето генерално сега повеќе ме гледаат од кога ослабев. Дури и на фотосесиите, претходно никогаш не можев да ја бирам својата облека. Целото внимание беше насочено кон Кортни и Ким, а за мене стилистите немаа ништо. Дури не ни бев толку голема”, вели Клои.

Сега стилистите сигурно се “трескаат од земја” поради можноста што никогаш повеќе нема да ја имаат, а Клои покажа дека одмаздата се сервира ладна!

456555554653213

kloi5651512

Прегледи:
419
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
17.06.2016