Категории

Еве зошто не треба да верувате на сè што ќе видите на Инстаграм

Додека фитнес моделите го освојуваат Инстаграм, оваа блогерка сака да ви покаже дека не е се така како што изгледа на социјалните мрежи, па со таа цел објавува фотографии сликани во исто време но, од различен агол и во различна поза докажувајќи дека не треба да ја губите самодовербата гледајќи ги сите тие совршени облини затоа што вистината е малку поинаква.

“Никој нема стомачни мускули или рамен стомак 24/7 во седечка позиција.”

“Целата индустрија за убавина е насочена само кон неколку типови на градба на тело, па поради тоа ни предизвикува несигурност – не дозволувајте да си го мразите телото поради тоа.”

“Со правилен избор на облека за вашата конституција може да изгледате многу попривлечно.”

“Убави сте без разлика на бројот на облеката што ја носите.”

“Останете свои и полни со самодоверба и на тој начин ќе зрачите со убавина.”

 

Прегледи:
478
Објавено на:
27.07.2017