Facebook ja најави новата апликација која е наменета за корисниците од 6 до 12 годишна возраст. Апликацјата се вика “Messenger Kids”.
Апликацијата им овозможува на младите корисници да комуницираат со своите пријатели, да објавуваат видео записи и да праќаат GIF-ови. Facebook вети дедка ќе постави заштита, со цел платформата да биде сигурна и приватна.
Родителите треба да ја инсталираат апликацијата “Messenger Kids”, кои мораат да бидат пријатели со децата на Facebook. Децата нема да имаат пристап до профилот на своите родители и нема да можат да имаат свој приватен профил, затоа што според правилата на Facebook, корисниците мора да имаат минимум 13 години за да станат членови на оваа социјална мрежа.
Facebook соопшти дека ќе собере многу малку информации за младите корисници, т.е. дека апликацијата нема да прикажува реклами.
На овој начин децата ќе останат во контакт со своите пријатели и својата фамилија. Ова е е една од стратегиите на Facebook да го зголеми бројот на корисници на две милијарди.