Меган Маркл и принцот Хари наскоро ќе имаат принова, а подароците од фановите ширум светот постојано пристигнуваат.
View this post on Instagram
Војвотката од Сасекс примила 97 плишани играчки и разновидни работи од фановите кои со нетрпение чекаат да го запознаат бебето. Обожавателите на се уште нероденото бебе му испратиле и едукативни играчки, марами, чизми, а меѓу подароците имало и рачни изработки кои посебно ја воодушевиле глумицата.
Кралското семејство објавило список на 26 страни со попис на сите подароци кои ги добиле од луѓе од Австралија и Нов Зеланд во текот на минатогодишната турнеја.