Категории

Фејсбук претстави платформа за спортските фанови

Facebook ќе направи обид да ги задржи корисниците уште долго време во својата апликација преку новата платформа „Sports Stadium“.

Таа ќе е дел од основната мобилна апликација на социјалната мрежа и ќе им овозможи на корисниците да следат и коментираат во реално време најразлични спортски настани.

„Sports Stadium“ тргнува пробно прво за корисниците на „iOS“ во САД. Во наредните недели таа етапно ќе биде активирана и за други платформи, а потоа ќе биде достапна и во други земји.

Функцијата на едно место ќе ја собира спортската содржина што корисникот ја избрал. Со неа ќе можат да се следат пораките на пријателите, коментарите на специјалисти, медиуми, вести и статуси од тимови, играчи.

Паралелно со тоа во реално време ќе се објавуваат резултати од различни игри, а кон нив ќе се додава статистика и краток коментар на живо. Ќе има и насоки каде дадена игра се емитува на телевизија.

Корисникот ќе може да се вклучува во коментарите со свои публикации, слики. Целта на „Facebook“ е „Sports Stadium“ да биде како „втор екран“ и да даде доза интерактивност на спортските настани.

Слични апликации веќе не недостигаат, но секоја од нив бара посебна регистрација и профил.

Со интеграцијата на „Sports Stadium“ директно во апликацијата и потпирање на речиси целосно на содржините генерирани во рамките на „Facebook“, платформата добива со самото стартување две важни работи – поголем број на корисници и многу персонална содржина.

Прегледи:
455
Објавено на:
22.01.2016