Категории

Фејсбук воведува фотографии од 360 степени

Социјалната мрежа Фејсбук воведува нови промени на својот “News Feed”, а тоа е прикажување на фотографии направени под агол од 360 степени.

На овој потег Фејсбук се одлучи откако во септември ги воведе видеата од 360 степени. Видеото се користи во ретки прилики, но новата опција ќе им овозможи на корисниците да ги прегледаат панорамските фотографии со “360 ефект”.

Секако, ќе биде возможно и да се види целата фотографија одеднаш.

Фејсбук ќе додаде и нова секција за фотографиите на апликацијата “Oculus”, па така корисниците ќе можат со помош на “Gear VR” да уживаат во целосното искуство.

Иако на многумина промените на “News Feed” генерално не им се допаѓаат, оваа би можело да биде навистина интересна.

Прегледи:
385
Објавено на:
13.05.2016