Категории

Фејсбук воведува нова функција против ширењето на дезинформации

Социјалната мрежа Фејсбук (Facebook), во петокот, најави воведување на нови функции за борба против ширењето на дезинформации. Овие нови функции корисниците ќе и им овозможват сами да означат кои информации ги сметаат за лажни.

Фејсбук минатиот месец беше критикуван дека се преку оваа социјална мрежа биле пласирани лажни вести кои влијаеле на претседателските избори во САД.

Оваа социјална мрежа започна со ограничен број на корисници да ја тестира новата команда која овозможува некоја порака да се означи како лажна информација.

Тоа ќе може да се направи со кликнување во горниот десен агол на пораката, каде што веќе постојат команди каде содржината може да се означи како „здодевна“ или „непосакувана“, се вели во пораката објавена на Фејсбук страницата на потпреседателот на (NewsFeed) одделението од каде се управува со протоколарните вести, Адам Moсерија.

“Ние веруваме во давањето глас од страна на луѓето и дека ние самите не можеме да бидеме арбитри на вистината, па затоа многу внимателено му пристапуваме на овој проблем”, напишаа од компанијата во својата објава.

Оние кои ќе ги проверуваат фактите мораат да пристапат до кодексот на принципи што ќе бидат вклучени. Сега за сега има 43 потписници на листата која е основана од страна на институтот „Pointer“, вклучувајќи ги и информативните медиумите од неколку земји.

Ако со проверка се потврди дека статијата содржи неточни информации, таа порака ќе биде означена со триаголник со извичник, како сообраќаен знак за опасност, и ќе пишува дека ја оспоруваат независни контролори.

Тој член и понатаму ќе може да објавува на Фејсбук, но секогаш со ознаката за опасност.
Сепак, авторот на овој член или уредник, повеќе нема да биде во можност да се промовира преку Фејсбук, посебно со рекламирање, се вели во соопштението.

Од компанијата изјавија дека се разгледуа и опцијата за воведување на други функции се со цел што е можно повеќе да се стопира штирењето на лажни информации.

Фејсбук во средината на ноември, веќе најави дека веќе нема да им овозможи реклами на веб-сајтовите каде што објавуваат лажни вести, но тогаш не кажа според кои критериуми ќе бидат означени таквите страници.

Интернет гигантот Google во средината на ноември, исто така најави дека ќе воведе слична политика кон ваквите веб-сајтови.

Извор: Макфакс

Прегледи:
434
Објавено на:
17.12.2016