Категории

ФИБА ја исфрли Македонија од европските квалификации?

Македонската кошаркарска репрезентација е дел од групата на 14 репрезентации на кои им се заканува суспензија, односно исфрлување од квалификациите, односно можноста да настапат на Европското првенство кое е закажано за следната година.

ФИБА Европа реши да покаже сила и да ги санкционира сите национални федерации во кои има клубови кои ќе настапуваат во УЛЕБ Евролигата или Еврокупот односно АБА лигата, а според угледниот портал „Спортандо“, ваков допис од европската федерација добиле Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, Израел, Италија, Турција, Русија, Шпанија, Литванија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Полска.

Во официјалната комуникација се вели дека федерациите имаат можност да се коригираат до 20. април, по што ќе следува официјална суспензија за оние кои нема да ги спречат клубовите да играат во европските натпреварувања кои не се под капата на ФИБА Европа. Денеска се очекуваат подетални информации, како и потврда/демант од нашата федерација.

За тоа дека заканите се сериозни, потврда е објавеното писмо кое вчера го добила словенечката федерација.

Прегледи:
559
Категории:
Кошарка · Спорт
Објавено на:
16.04.2016