Категории

Фијаско или моден погодок на сестрите Кардашијан? Проценете сами!

Претходната недела Кортни и Ким Кардашијан се вратија од островот каде што беа на заеднички одмор, а нивните Инстаграм профили се полни со фотографии направени на егзотичната дестинација.


Ким и го честиташе роденденот на својата постара сестра со слика од тоа патување, а на таа слика Кортни го носи веројатно најчудниот костум за капење кој сте го виделе досега.

Ријалити ѕвездата се одлучила за костим со футуристички дизајн кој не можете да не го гледате – како поради упадливата боја на киви, така и поради необичниот модел и провиден горен дел кој притоа делува како пластика.