Апликацијата FindFace која беше претставена во јавноста пред два месеци, им овозможува на корисниците да фотографираат луѓе во толпа и да го откријат нивниот идентитет, а точноста на апликацијата изнесува 70 отсто од случаите.
Апликацијата функционира така што ги споредува профилните фотографии од Вконтакт, социјална мрежа која е популарна во Русија и поранешниот Советски сојуз, и има повеќе од 200 милиони корисници. Создавачите замислуваат свет во кој луѓето можат да фотографираат некој на улица и да го дознаат нивниот идентитет.
За краток период од функционирањето на апликацијата, FindFace собра 500 000 корисници и речиси три милиони пребарувања, тврдат создавачите на апликацијата, 26-годишниот Артем Кукаренко и 29-годишниот Александер Кабаков.
Оваа технологија може да работи со секоја фотографска база на податоци, иако засега не може да користи Фејсбук, бидејќи и јавните фотографии се чуваат, така што е многу потешко да пристапат до нив, отколку на Вконтакт.
Многумина ја сметаат оваа апликација како напад врз приватноста, но еден од создавачите на апликацијата тврди дека технолошкиот напредок не може да се спречи и дека треба да се работи во чекор со него, воедно увери дека се ќе остане отворено и транспарентно.