Доколку мислевте дека парите, физичкиот изглед или образованието имаат клучна улога во одбирањето на животен партнер, не сте во право.
Доколку мислевте дека парите, физичкиот изглед или образованието имаат клучна улога во одбирањето на животен партнер, не сте во право.
Студијата спроведена во британскиот универзитет Свонси, објавена во магазинот Journal of Personality, покажа дека многу повеќе се цени љубезноста.
Во истражувањето учествуваа 2,700 студенти од шест земји, а научниците беа изненадени од резултатот, првенствено поради увереноста дека младите луѓе денес многу површно ги бираат своите емотивни партнери отколку генерациите порано.
Студијата покажала дека љубезноста претставува најважна особина за 25% од мажите и 24% од жените, на второ место се наоѓа физичката привлечност 23% кај мажите и 17% кај жените, потоа следи финансискиот потенцијал 12% кај мажите и 18% кај жените, желбата за деца, креативноста и религијата се на последните места.
Истражувањето покажа дека хумарот не е подеднакво важен кај сите земји. На Запад, тоа повеќе се цени отколку на Истокот. Од друга страна, на жените од западните земји им помалку важни децата, додека оние од источните места мајчинството им е од исклучително важно значење.