Категории

(ФОТО) 5 различни начини како да ја стилизирате едноставната бела кошула

Ние ја сметаме белата кошула како главно парче облека од гардеробата – нешто што секој треба да го има во својот плакар, бидејќи може лесно да се спари со сè, од фармерки, панталони и омиленото здолниште.

Но, дали знаевте дека со неколку едноставни трикови за стилизирање, можете да ја претворите во сосема нов изглед?   Ние ви покажуваме како да го извлечете максимумот од една основна и едноставна бела кошула:

ИЗГЛЕД 1: Врзана бела кошула + Бела панталона

„Жените обожаваат  да врзуваат долга кошула во центарот на нивното тело. Помага при стеснување на половината и издолжување на телото, а во комбинација со висок струк на пантолони правите и издолжување на нозете. Исто така е многу секси, без да изгледате премногу натрупани со облека.”

ИЗГЛЕД 2: Бела кошула + црна панталона


,,Едноставното копче може да изгледа тригирачко, а и треба да внимавате при движење, така што можете да се обидете со едната рака во џеб, да се надевате на добар ветер при временските услови или пак да пробате со едноставна лента околу”.

ИЗГЛЕД 3: Бел фустан со каиш

„Прекрасна комбинација на оваа кошула за смокинг, затоа што е толку голема што може да ја направите во мал мини фустан a la Carrie Bradshaw.”

ИЗГЛЕД 4: Кошула + крем костим за капење

,,Многу едноставна летна комбинација, која ве прави гламурозни доколку ја носите лабаво отворена и не изгледа дека сте вложиле премногу напор во тоа”.

ИЗГЛЕД 5: Кошула + фармерки

,,Јасна бела кошула е неопходна во вашата гардероба, без разлика дали е деловен состанок, ручек или романтична вечера. Тоа е нешто што е безвременско и нешто што значи бизнис”.

 

Прегледи:
609
Објавено на:
28.08.2020