Погледнете како изгледа најексклузивниот остров на земјата
Островот Lord Howe се наоѓа на 780 километри североисточно од Сиднеј а за него може да се каже дека изгледа како вистински рај на земјата. Илјадници ретки риби пливаат во водите на Пацификот, полутропската дождлива шума е полна со егзотични растителни и животински врсти. А поради недостатокот од предатори, луѓето се возат на велосипеди по улиците долги 13 километри низ тунели од палми. Овде нема рекламни плакати, куќите немаат клучеви, велосипедите не се заклучуваат и нема сигнал за користење мобилни телефони.
Овој остров е долг 11 километри и широк 2 километри и е опкружен со тиркизна лагуна со корални гребени под заштита на УНЕСКО уште од 1982 година поради вулканската географија и ретките животински и растителни врсти кои го населуваат и не можат да се пронајдат никаде на друго место во светот.
Сепак, овој рај е изклучително скапо место за туристите. Цените за сместување и рестораните се вртоглаво високи а за да резервирате соба морате да го направите тоа една година однапред. Кампувањето не е дозволено и нема ефтино сместување, а крстарењето е строго забрането.
Овој остров е еден од најексклузивните австралиски острови на кој најчесто доаѓаат светските богаташи кои сакаат мирен одмор.