Категории

(ФОТО) Милена нема време за чекање: Славеше моминска со другарките – ЕВЕ ЈА АТМОСФЕРАТА!

Преостана уште малку време до свадбената прослава на водителката Милена Антовска и нејзиниот сакан Гордан, кога и официјално ќе му стане сопруга.

Свеченоста е закажана за претстојниот месец мај, а како што е редот Милена викендов ги собра другарките и направи моминска вечер за паметење. Облечена во бело фустанче од кое во фокус е трудничкото стомаче, со нежно бело венче на главата, Милена блесна на овој посебен ден за неа.

Фотографиите секако ги објави на Фејсбук и ја покажа славеничката атмосфера.

Меѓу другарките на Милена се најдоа и водителката Татјана Пуленџовска и Марија Илиќ од „Моден викенд Скопје“.

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
533
Објавено на:
24.04.2017