Категории

ФОТО: Наде Талевска упати моќна порака – Ало родители, вклучете ги мозоците вашите деца…

Деновиве на социјалните мрежи осамна одлично видео кое не освестува дека ги пропуштаме шансите за пријателство, љубов и живот со полн здив додека го трошиме време на илузорниот свет на социјалните мрежи.

Ова прекрасно видео ја инспирираше и пејачката Наде Талевска да испрати моќна порака до сите родители.

-Среќна сум што можам да кажам дека не се чувствувам осамено. Имам пријатели во чие друштво немам апсолутно никаков проблем да го оставам телефонот и да не го погледнам со часови. Но! Ако се прашувам јас со закон би забранила социјални мрежи за тинејџери. Телефони – ако баш мора да имаат Нокиа 3310. Не смартфони! Не таблети! Компјутер само по потреба!

Лично сум сведок на деца што во најубавите години немаат НИТУ ЕДЕН реален пријател. Висат на Фејсбук и останатите социјални мрежи. Би седнала и сите еден по еден би ги пријавила кај администраторите дека се малолетни. Но сама ништо нема да направам, една пријава како ниедна. Ало родители!!! Малку вклучете ги мозоците за промена!, напиша таа.

Погледнете го ова прекрасно видео кое ќе ве освести!

Прегледи:
528
Објавено на:
05.02.2017