Категории

ФОТО: Погледнете како изгледа сопругата на Никола Којо

Еден од најпосакуванте српски ергени, познатиот српски актер Никола Којо одлучи да се смири на 40 години, а за сопруга одбра поубава жена од било која актерка со која на филм бил партнер.

Пред да го освои неговото, таа ги освои срцата на многумина. Станува збор за манекенката Александра Ѓуриќ, која јавноста првпат ја запозна преку видеоспотот за песната „Моја драга“ на Здравко Чолиќ. Сараевката имаше успешна кариера на модните писти во Германија, Париз и Милано.

Којо и Ѓуриќ беа во врска само осум месеци кога стапија во брак во септември 2007 година, на скромна венчавка во Белград.

Во овие девет години брак, двојката доби три ќерки, а за семејниот живот Којо не штеди на убавите зборови.

Прегледи:
705
Објавено на:
19.07.2016