Категории

ФОТО: Специфичната убавина на црвенокосите жени

Американскиот фотограф Брајан Даулинг кој сега живее во Берлин, Германија, посети 20 земји во кои фотографираше над 130 жени и девојки со природна црвена коса за неговиот проект Redhead Beauty. Неговата цел е да ја истакне природната убавина на овие жени.

 

Црвената е најретка боја на коса во светот и се должи на мутација на гените позната како MC1R што се јавува кај околу 1% од светската популација.

Оваа мутација може да се одрази и на толеранцијата на црвенокосите луѓе на болка, сончева светлина и проседувањето на косата. Црвенокосите обично немаат сребреникави старечки влакна, туку косата им станува руса или чисто бела.

Прегледи:
444
Објавено на:
10.04.2017