Категории

(ФОТО) Толку многу слични: Катарина Ивановска има двојничка од Свети Николе!

Нашата позната манекенка со интернационална кариера, Катарина Ивановска, неодамна стана мајка, а со тоа дополнително се разубави од мајчинската љубов.

Токму нејзината физичка убавина придонесе да биде еден од познатите модели и да чекори на ревии од светски брендови. Таквите предиспозиции ги има и 19 годишната Мартина Маркоска од Свети Николе која пред неколку години можевте да ја запознаете од македонските медиуми поради успесите кои ги постигна како  модел.

Кога би направиле споредба меѓу Катарина и Мартина, нивната сличност е очигледна, но секоја посебна на свој начин. Се вели дека сите имаме некој што лични на нас, а веруваме ќе се сложите дека Мартина е двојничката на Катарина и тоа од Македонија.

Двете се манекенки, чекорат по ист пат, а дали кариерата на Мартина ќе се развива како на успешната Катарина, останува да видиме. Инаку, за потсетување Мартина во 2014  ја претставуваше Македонија на изборот за убавина „Miss Tourism Universe 2014“, во учество на девојки од 40 земји од целиот свет. Тогаш петнаесетгодишниот модел престојуваше во Либан на изборот под мотото „The symbol of beauty“.

Погледнете ја сличноста на овие две македонски убавици:

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
759
Објавено на:
19.06.2017