Категории

(ФОТО) Уште ова не сте го виделе: Немала другарки, па „деверици“ и станеле другарите!

Што би направиле кога би сакале да имате деверици на вашата свадба, но немате блиски пријателки? Ќе ги поканите вашите другари, се разбира! Токму тоа го направила 24-годишната Ребека од Бразил и мора да признаеме дека станува збор за одлична идеја!

„Се сетив на оваа идеја една недела пред венчавката. Гледав фотографии од невести со нивните пријателки, облечени во бањарки, како се смеат и пијат шампањ и малку се натажив, бидејќи јас не можев да направам ништо од тоа“, открила Ребека.

Ребека студира компјутерско инженерство и е една од четирите девојки во клас со 60 студенти, па затоа не е ни чудно што таа се спријателила само со мажи за време на нејзините студии.

„Фотосесијата беше многу забавна. Се сликавме и пиевме евтин алкохол. Се смеевме толку многу што неколку пати моравме да прекинеме и да се смириме за да можете да продолжиме со фотографирањето“, изјавила невестата.

Ребека ги споделила нејзините свадбени фотографии на Фејсбук и целиот виртуелен свет се заљуби во нејзината досетлива и слатка идеја.

„Многу сум задоволна од фотографиите. Понекогаш ги разгледувам и одеднаш почнувам хистерично да се смеам. Никогаш не помислив дека ќе станат толку популарни на Интернет“, признала Ребека.

Што мислите за оваа идеја? Дали би ги замениле класичните деверици со вашите најдобри другари? Доколку се осмелите да го направите истото, можеби ќе наидете на осудувања од страна на традиционалните поединци, но барем ќе знаете дека урнебесната смеа ви е загарантирана.

извор:факултети.мк

Прегледи:
441
Објавено на:
27.06.2017