Покрај младите таленти кои настапија во мјузиклот „Тајно моја“ посветен на нашата голема музичка легенда Тоше Проески, на сцената учествуваа и уште неколку познати актери меѓу кои и Весна Петрушевска.
Пред премиерата, која се случи изминатиот петок и недела, Бејби на својот Фејсбук профил го најави долго очекуваниот настан, а тоа го направи на посебен начин и со една специјална фотографија. Имено, Весна за профилна фотографија постави еден ретро спомен од својата свадба каде е во друштво на Тоше. Конкретната фотографија исто така се најде и на нејзината книга во делот каде раскажува за својот драг пријател.
Еве како некогаш изгледаа Весна и Тоше заедно:
Извор : Вистина.мк