Категории

ФОТОГРАФИИ КОИ ГИ ДОЛОВУВААТ СИТЕ ЕМОЦИИ НА НОВИТЕ ТАТКОВЦИ

Фотографиите на кои е прикажан магичниот момент на раѓање најчесто го истакнуваат искуството на мајката со бебето, но неколку талентирани фотографи се потрудија да ги вклучат и татковците во приказната. 

Џардин Фреунд ги доловува моментите во кои татковците за прв пат го гледаат, допираат и доживуваат свое бебе. Нејзините фотографии не потсетуваат дека и татковците се присутни, а нивното искуство е интимно и инспиративно. Многу од фотографиите доловуваат еден вообичаен момент: нов татко, нежно го гали свое новороденче, често со солзи во очите и насмевка на лицето. Иако нејзините фотографии ги прикажуваат и другите моменти кои го опкружуваат раѓањето, вклучувајќи ги мајките кои поминуваат низ толку многу болка и задоволство во исто време, таа нагласува дека сака да луѓето да разберат дека раѓањето не е само патешествие на мајката. 

„Татковците исто така минуваат низ свое значајно патешествие. Нивното патување се состои од многу емоции кои вклучуваат страв, сила, поддршка, досада и радост. Некои мажи се силни, цврсти како карпа на која нивната партнерка може да се потпре, додека други исплашено седат во сенка, ужаснати од глетката во која нивната мила поминува низ сета болка, но на крај сите се трогнати и занемени кога за прв пат ќе го земат свое чедо во раце.“ – изјавува Џардин. 

Нејзините фотографии се посвета за сите татковци кои во себе носат многу љубов за своите деца. 

Прегледи:
553
Објавено на:
31.01.2020