Категории

Фотографка поставила малечко кафуле во нејзината градина и споделува фотографии од нејзините мали посетители

Кристен Флаг е аматер фотограф. Таа во текот на карантинот решила да постави малечко кафуле во својата градина, и да набљудува посетители и да ги фотографира.

„Поради карантинскиот живот, се чувствував многу осамено и депримирано и отидов надвор да побарам малку среќа. Но, нажалост, поради полициските часови не можев да одам предалеку, па си направив мало катче во дворот. Сопругот изгради шест малечки пикник масички за вервериците,и јас почнав да ги фотографирам нашите различни посетители. Почнав да се радувам на тоа да се разбудам и да отидам надвор, да ги видам нашите гости. Секој ден додавам ови работи за верверичките да ги истражуваат. Сите мои мали посетители имаат имиња, и тоа ми е уште позабавно.

Неодамна започнав Facebook страница за Rosie’s Café. Си помислив, ако мене ме насмевнуваат овие моменти, сигурно ќе насмевнат и други луѓе. Ова е проект за ширење насмевки и убавина, особено сега, кога сме си потребни едни на други повеќе од било кога.

Кафулето се наоѓа во Норвич, Конетикат. Го именував Rosie’s видејќи нашиот град носи прекар Розов град.“ – изјавува Флаг.

Погледнете ги овие преслатки слики:

Rosie's Cafe'

Rosie's Cafe'

Rosie's Cafe'

Rosie's Cafe'

Rosie's Cafe'

Rosie's Cafe'

Rosie's Cafe'Rosie's Cafe'

Rosie's Cafe'