Да се сокријат наслагите на стомакот и да се има елегантна фигура, некогаш ни изгледа како невозможна мисија.
Но ако го одбереме вистинскиот фустан, тој лесно ќе го сокрие нашиот стомак и ќе изгледаме неодоливо во женствен фустан.
Ако сакате вашата фигура да изгледа складно и да го ставите стомакот во втор план треба да ги избегнувате светлите и сјајни фустани. Исто така немојте да одбирате големи шари и хоризонтални риги.
Ваш избор нека бидат еднобојните фустани, а ако инсистирате летните денови да ги поминете во фустан со интересен принт бирајте апстрактни дезени.
Исто така фустанот со А крој е ваш добар пријател, па затоа немојте да се воздржувате да одберете фустан со висок струк.
Секако внимавајте материјалите да не бидат премногу дебели.
Во прилог ви нудиме неколку модели на фустани кои веруваме дека ќе ви се допаднат…