Категории

Фустанот во кој Мерилин Монро пееше на роденденот на Кенеди продаден за 4,8 млн долари

Фустанот во кој една од првите сексашилни холивудски актерски ѕвезди Мерилин Монро му ја испеа „Happy Birthday, Mr. President“ на тогашниот американски претседател Џон Ф.Кенеди, за неговиот 45-ти роденден е еден од најпознатите во историјата.

Креацијата, дизајнирана од Жан Луј и украсена со 2.500 блескави камења, достигна вредност од 4,8 милиони долери. Нежниот фустан беше продаден на аукција во Лос Анџелес, а купувачот е всушност музејот „Ripley’s Believe It Or Not“.

Ова е пример колку многу може да се промени вредноста на едно парче облека откако ќе биде носено од славна личност. Оригиналната цена на фустанот била 12.000 долари.

Ова не е единствен фустан на легендарната актерка која беше продаден за екстремно висока цена. Во 2011 година, за белиот фустан кој таа го носеше во филмот „The Seven Year Itch“ анонимен колекционер плати 4,6 милиони долари. Црвениот блескав фустан од „Gentlemen Prefer Blondes“, пак, беше прдаден за 1,2 милиони долари, а нејзин костим од филмот „River of No Return“ достигна цена од 510 000 долари.

Извор: Макфакс

Прегледи:
325
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
21.11.2016