Категории

Футуристичка архитектура, интересни обичаи, сосема поинаква култура: Главниот град на Казахстан е најнеобичното место во светот!

Откако парламентот во Казахстан го промени името на главниот град на државата од Астана во сегашниот Нурсултан, во чест на долгогодишниот претседател Нурсултан Назарбајев кој своеволно ја напушти должноста, оваа земја повторно се појави на насловните страни на светските медиуми. Тоа последен пат се случило во текот на премиерата на филмот „Борат“ со британскиот актер Саша Барон Коен во кој се претставуваше како новинар од Казахстан на турнеја во САД. Но, со оваа земја се поврзуваат уште многу интересни податоци кои сигурно не сте ги знаеле.

Имено, околу главниот град на Казахстан не се наоѓа ништо. Баш ништо. И тоа во растојание од 1.200 км. Освен неколку населби кои се раштркани преку најголемите степи на светот, опкружувањето на Нурсултан (Астана) е празен простор совршен за идните архитектонски чуда.

Нурсултан е една од најновите престолнини во светот – пред 20 години не постоела. Дури во 1997. година, претседателот Назарбајев одлучил да го премести главниот град од Алмати во Нурсултан (Астана), кој во тој момент бил исто како и степата околу него – пустина.

Денес, над него се издигнуваат необични футуристички атракции – Хан Шатир – трговскиот цетар во облик на шатор, Централната концертна сала, циркусот во облик на летечка чинија, како и 100м високата кула која личи на џиновско лижавче.

Откако е прогласен за главен град, бројот на жители во Нурсултан порасна повеќе од двојно, а денес во него живеат нешто повеќе од 1 милион жители. Освен тоа, урбаниот раст на нови згради и понатаму се зголемува. Централната концертна сала е една од најголемите во светот и собира 3.500 гледачи, додека во Нурсултан Арена може да присуствуваат 30.000 луѓе, наведува Национална Географија.

Палатата на мирот и помирувањето, исто така позната како Пирамида на мирот и спогодбата, е извонреден објект кој со себе носи моќна порака. Оваа исклучителна градба е со височина од 77 метри, и служи како место за одржување на важни настани каде што се собираат луѓе од различни краишта во светот.

Градот ги ангажирал докажаните архитекти како Норман Фостер и Кишо Курокава да го создадат новиот лик на Астана, трансформирајќи го градот во урбан пејзаж, што дава чувство како да патувате во иднината.

Ова се некои интересни факти за оваа необична земја:

1. Казахстан е деветта по големина земја во светот, но воеедно и земја со мал број жители.

2. Во 2012. година кога казахстанскиот стрелец ја освоил злато на светското првенство кое се одржало во Кувајт, организаторите по грешка во текот на доделувањето на признанијата ја интонирале музиката од филмот Борат наместо казахстанската химна.

3. Казахстанците на гостите им служат делови од месото како симболика. Така, печениот јазик му се сервира на оној кој според мислењето на домаќинот, треба да зборува малку повеќе, додека на децата им се служат печени уши за да ги слушаат возрасните повеќе.

4. Космодромот Бајконур сместен е во Казахстан, а тој е воедно и најголемиот и најстариот космодром кој сѐ уште се користи. Од него е лансиран и Спутник кој прв ја заобиколи планетата Земја, а од него полетал и Јуриј Гагарин.

5. Поголемиот дел од Казахстанците потекнуваат токму од Џингис Кан.

ФОТО: Стефанија Георгиева