Категории

Газдата на Лестер части по еден Мерцедес за секој играч

Тајландскиот бизнисмен Вишај Шриваданапрабха, кој е сопственик на сега веќе новиот шампион на Англија, Лестер Сити и на компанијата „Кинг Пауел“, за големиот успех, своите фудбалери ги награди со нов автомобил.

Медиумите од Островот пренесуваат дека фудбалерите на Лестер Сити ќе возат „Mercedes B-Class Electric Drive“, чија вредност изнесува 32.670 фунти. За овој подарок Тајланѓанецот издвои еден милион фунти, со оглед на фактот дека Раниери во својот состав има 30 фудбалери.

Покрај овој чин Шриваданапрабха изјави дека ќе го исполни ветеното од пред неколку недели и ќе им ги плати трошоците на своите фудбалери за големата прослава која ќе ја организира во Лас Вегас.

Прегледи:
359
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
05.05.2016