Категории

ГЕВГЕЛИСКА БОЛНИЦА: НАПРАВИЛЕ СЕЛФИ СО ОТВОРЕН СТОМАК НА ПАЦИЕНТОТ, А ФОТОГРАФИЈАТА ЈА ОБЈАВИЛЕ НА ФЕЈСБУК

Додека пациентот под дејство на анестезија и со отворен стомак, во локва крв лежи на хируршкиот стол, целата медицинска екипа прави селфи. Ваква фотографија се појави на фејсбук од операционата сала во Гевгелиската болница, а ја објави НОВА.

Фотографијата потоа е ставена на Фејсбук профилот на една од докторките, каде што луѓето ја поздравуваат медицинската екипа без никој да забележи дека ваква фотографија не смее да се објавува јавно и дека со тоа е нарушена приватноста на пациентот и Законот за правата на пациентите.

Прегледи:
399
Објавено на:
20.04.2016