Категории

Ги гризете ноктите? Еве што кажува тоа за вас

Оваа навика е одлика на луѓе кои се склони кон претерана организација, исцрпување на своето тело до крајни граници и перфекционизам. Гризењето на ноктите највеќе се поврзува со стрес и нервоза. Стручниот израз за оваа лоша навика е онихофабија, а освен што ги уништува ноктите води и до инфекции и напукнување на забите.

Но, доколку започнете да ги гризете ноктите, тешко е да престанете. Лаички кажано, ова пореметување е во сродство со опсесивно-компулсивното пореметување кое кај луѓето се јавува за полесно да се справат со стресот и непријатноста.

Според најновите истражувања луѓето кои имаат навика да грицкаат нокти се перфекционисти. Тие личности имаат потреба да го форсираат своето тело повеќе отколку што се способни, го планираат секој свој чекор и лесно се фрустрираат. Околу 20% од луѓето се сметаат за перфекционисти, па со тоа се склони кон иритација на цревата, хронични несоници, срцеви болести и предвремена смрт.

Прегледи:
375
Објавено на:
18.08.2017