Категории

Ги прескокнувате оброците? – Еве зошто тоа е опасно по вашето здравје!

Во продолжение причитајте на кој начин прескокнувањето на оброците, влијае врз нашиот организам

Некои луѓе поради брзиот ритам на живот, и лошиот распоред забораваат кога последен пат јаделе во денот, други пак ги прескокнуваат оброците поради таканаречениот „повремен пост“, а некои се казнуваат себеси поради линијата. Во секој случај – телото трпи последици.

Поради прескокнување на оброците и не конзумирање доволно храна во текот на денот, може да ви се заврти во главата. Можете да чувствувате вртоглавица дури и да паднете во несвест.

„Тоа се случува поради пад на глукозата во крвта“, вели стручњакот за исхрана и авторката на книгата “Eating in Color”, Френсис Лерман Рот.

„Кога не го храниме мозокот, телото може да добие сигнали да престане со своите вообичаени функции поради што, ако пробате повремен пост, морате да бидете сигурни дека тоа го правите исправно – по зададен распоред – а кога јадете, да надохнадувате храна со која ќе издржите до крајот на постот.“

Авторката советува дека најпаметно е наместо да се прескокнуваат оброците, тие да се поделат на неколку поминали дневно, кои ќе бидат далеку по ефикасни.

„Гледајте на телото како на преработувач на храна, ако постепено му додавате храна, добро ќе ја работите својата работа, ако внесете одеднаш премногу храна после прескокнувањето на оброците – нема да биде ефикасно“ – советува таа.

„Прескокнувањето на оброците доведува до пад на шеќерот во крвта кој може да влијае врз вашето расположение. Исто така прескокнувањето на оброците може да биде видливо и на вашата кожа, тенот ви станува блед, а очите ви стануваат изморени и со темни кругови.“ – вели нутриционистот.

Прегледи:
354
Објавено на:
17.09.2019