Љубовта и музиката се единствените интернационални јазици, а сигурно ќе ви се допадне видеото на кое корејскиот музичар Џун Хјук Чои ги замоли италијанските улични музичари да им се приклучи и да засвири на нивниот контрабас.
Откако редовниот бас свирач му го отстапи своето место, триото го засвире џез класикот “Autumn Leaves”.
Резултатот од оваа неочекувана музичка соработка ги воодушеви минувачите и луѓето на интернетот, а иако ова видео е старо веќе една година, сега стана вирално, па собра скоро 5 милиони прегледи.