Категории

Гламурозната премиера на 6-тата сезона на Game of Thrones

Долго очекуваната шеста сезона на мега популарната серија „Игра на тронови“ е веќе тука, а веќе доби и своја премиера во Холивуд каде ѕвездите одушевија со своите гламурозни изгледи.
Без конкуренција беше младата Софи Тарнер која блесна во креација на Стела МекКартни.
20 годишната актерка која ја игра улогата на Санса Старк елегантната тоалета во боја на малина ја надополни со златен накит.
Мејси Вилијамс или по позната како Арја Старк шармираше во дводелна комбинација на дизајнерот Емилио де ла Морена.  Калиси или Емилиа Кларк ги освои погледите на присутните во софистициран кадифен фустан и црни сандали, додека Лена Хеиди беше прекрасна во креација на Каролина Херера.
Секако тука беа и останатите ѕвезди како Питер Динклиџ, Николај Костер Валдао, Иван Рион и многу други.. Погледнете како изгледаше спектакуларно гламурозната премиера.

Прегледи:
349
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
12.04.2016