Категории

Модата на црвениот тепих на Оскари 2017

Синоќа се одржа најголемата филмска манифестација на годината – доделувањето на најпрестижната награда „Оскар“. 89-издание протече во знакот на филмот “Moonlight” кој ја добие најградата за Најдобар филм откако по грешка беше прогласен за победник фаворитот “La La Land”.
Ема Стоун се закити со најградата Најдобра актерка, додека за Најдобар актер беше прогласен Кејси Афлек за филмот “Manchester by the Sea”. Наградата за Најдобра режија припадна во рацете на Дамиен Шазел. Најдобри споредни улоги ги добија Вајола Дејвис за улогата во “Fences”, а во машката категорија беше прогласен актерот Махершала Али за филмот “Moonlight”. Наградата за Најдобар анимиран филм ја доби “Zootopia“, а Најдобра песна беше избрана „City Of Stars“ од мјузиклот “La La Land” кој како хит на вечерта се закити и со наградите за Најдобра кинематографија и Најдобра оригинална музика.

Долби театарот во Холивуд изгледаше како вистинска модна бајка од раскошните креации на актерките кои уште еднаш покажаа зошто Оскарите се најгламурозната манифестација во годината. Вечерта помина во знакот на белите тоалети и златните шампањ нијанси, додека голем дел од актерите се одлучија за класични изданија во црна боја. Сите изгледи од црвениот тепих погледнете ги во галеријата подолу.

Прегледи:
688
Објавено на:
27.02.2017