Категории

Главни разлики помеѓу љубовта и страста

Да се открие дали се работи за вистинска љубов или само за физичка привлечност не е баш лесно

Понекогаш хемијата ја мешаме со емоциите и наидуваме на вистински проблем. За тоа да не се случи повторно, ви откриваме 5 главни разлики помеѓу љубовта и страста.

Недостаток на теми за разговор
Ако вашиот разговор се сведува само на секс или договор за идниот состанок, размислете дали тоа е нешто кое го сакате на долга релација. Заедничките интереси и теми се еден од клучните темели на врската поради што никако немојте да ги занемарите.

Различни ставови и погледи
Некои темелни вредности се прв тест на вашата компатибилност. Ако вашите ставови на подрачјето на верата, начинот на живот, сексуалноста или семејните вредности потполно се разликуваат, размислете дали би можеле воопшто да се замислите со таа личност во долга врска или брак.

Нетрпение
Се обидувате на сите начини да откриете дали тоа е „вистинското“ или не? Со тој потег можете веќе самите да си докажете дека овде се работи само за привлечност и хемијата помеѓу вас почнала да се намалува па чувствувате дека морате да превземете чекор напред, а всушност треба да направите чекор назад и да размислите рационално за целата ситуација.

Лоша комуникација
Постојано си објаснувате еден на друг што всушност сте мислеле кога сте кажале нешто и никако не можете да пронајдете заеднички јазик? Тоа за жал значи дека вашиот однос треба да остане само на физичкиот аспект или уште подобро, на ништо.

Занемарување на другите луѓе
Во ред е кога се работи за прва заљубеност да поминете низ таа фаза, но накратко. Ако поради него ги занемарувате важните луѓе во својот живот, како и грижата за себеси и кариерата, размислете дали нему му е воопшто грижа за вашето добро и вашиот живот надвор од спалната соба.

Прегледи:
502
Објавено на:
17.02.2020