Категории

Главоболката открива што не е во ред со вашето здравје

Постојат различни видови главоболки кои често погрешно се дијагностицираат, а најчесто исто се третираат. Главоболката може да биде предизвикана од многу причини, како што се замор и дехридатација, но често можат да укажуваат  и на посериозни здравствени проблеми.

Д-р Сакиб Куреши, познатиот невролог, објаснува дека главоболките многу често може да се манифестираат со „предупредувачки сигнали со црвени сигнал“ , а за кои треба да се информирате за да можете да ги разликувате од општите главоболки оние кои може да бидат знак за алармантна загриженост.

Повеќето вообичаени видови на главоболки се поделени во четири групи и сите од нив покажуваат нешто во врска со нашето тело. Ако ги научите сигналите, можете ефикасно да научите како да ги третирате главоболките правилно.

Главоболка предизвикана од воспалителни синуси

При воспалени синуси се доживува силна главоболка. Овие болки се последица од инфекцијата и притисокот кој се чусвтвува на образите, очите и челото а може да се појави и треска.
Третман: консумирајте течности колку повеќе можете. Може да правите и инхалации со топла вода кои ќе помогнат да се намали воспалението и да се отворат симусите.
Консумирајте портокали и друга храна богата со витамин Ц или пијте зелен чај со лимон, бидејќи витаминот Ц и антиоксидатите ќе му помогнат на телото да се избори со инфекциите.

Помагаат и менување на ладно-топли облози, зеленчукови супи и свеж ѓумбир кој има моќна анти-воспалителни и својства за намалување на болките.

Тензична болка

Тоа е највообичаениот тип на болка кој се манифестира со постојан притисок или болка околу главата, главно во задниот дел и вратот или рамената.

Покрај тоа, исто така, може да предизвика и болка која зрачи над или под очите. Често ваквата болка предизвикува гадење или повраќање. Се верува дека како резултат на стресот настанува контракција на мускулите од вратот и главата.

Третман: Комбинирајте масло од нане и ѓумбир за намалување на болката. Додадете малку масло од мента на косата со што ќе се предизвика ефект на ладење и релаксација на мускулите во овој дел од главата и вратот.

Исто така, и ѓумбирот доста ефикасно помага во намалување на болката.

1 2 3

Прегледи:
1115
Објавено на:
30.03.2016