Мигрена
Мигрената обично се јавува на возраст меѓу 25 и 55 години, но и без разлика на возраста секој може да ја доживее. Како пример, само во Америка од мигрена страдаат 38 милиони луѓе.
Овој тип на главоболка е многу покомлициран од другите видови главоболки, бидејќи содржи голем број невролошки симптоми. Мигрената се манифестира со интензивна, мачна болка само на едната страна од главата.
Кај една третина од мигренските напади, болката се јавува на обете страни од главата.
Болката е комбинација од повеќе симптоми: повраќање, вртоглавица, гадење, визуелни нарушувања, екстремна чувствителнсот на светлина, мирис, допир, звук, како и вкочанетост или трнење во лицето.
Третман: голем број пациенти со мигрена почувствувале ослеснување на болката со консумирање на омега-3 масни киселини, витамин Б12 (рибофлавин) и магнезиум.
Вклучете доволни количини од овие витамини и минерали во исхраната, со цел да ја спречите мигрената. Покрај тоа, во согласност со една студија од 2011 година, аеробните вежби можат да бидат многу ефикасни за спречување на овие главоболки како превенција и стопирање на мигрената.
Од таа причина, редовното вежбање може да ги замени лековите за болка.