Категории

Голем љубовен хороскоп за февруари

Погледнете што носи месец Февруари на љубовно поле за секој хороскопски знак.

Овен

Ако сте зафатени:

Ќе бидете полни со иницијативи, што позитивно ќе влијае на вашиот брачен или емотивен партнер. Во врската ќе внесете динамика, а вашите предлози ќе бидат прифатени со воодушевување. Партнерот ќе ви дозволи да водите, но внимавајте да не претерате. Повремено испуштете ги конците од рака и не настојувајте сè да биде по ваше. Така ќе избегнете непријатни кавги во втората половина од месецот.

Ако сте слободни:

Ќе почнете да го привлекувате спротивниот  пол како магнет. Ќе делувате харизматично, што ќе ви донесе популарност и можност за влез во нова емотивна врска. Бидејќи страста ви е појачана, можни се и минливи авантури пред да се одлучите за една личност. Ако уживате во постојано внимание од една личност, која упорно се докажува дека е сериозна и вистинска за вас, не заборавајте да возвратите. Ако не го направите тоа, подоцна ќе се каете и ќе имате негативни последици.

Бик

Ако сте зафатени:

Ќе бидете повлечени и ќе избегнувате гужви и јавни појавувања. Повеќе ќе ви одговара домашната атмосфера и интимноста со партнерот. Кога ќе бидете на само, нема да бидете мирни, туку страствени и ќе настојувате да се поставите над партнерот. Вашиот партнер може да е малку себичен и тоа да ве иритира. Во овие моменти важно е да ги сведете кавгите на минимум. Научете се да си посветите повеќе внимание на себе.

Ако сте слободни:

Вие сте личност која сака хедонизам, но во февруари ќе се однесувате спротивно својата природа, кога се работи за љубов и забава. Наместо да чекате некој да ве освои, ќе освојувате вие. Ако не добиете брз одговор, лесно ќе ја изгубите заинтересираноста. Хороскопот ви советува да не навлегувате во повеќе авантури истовремено и да не ги менувате често партнерите, бидејќи претерувањето може да ве измори, па да не ја препознаете добрата шанса која е пред вас.

Близнаци

Ако сте зафатени:

На вас и вашиот партнер ќе ви биде потребна поголема забава и дружба со заедничките пријатели. Со саканата личност почесто посетувајте претстави, кино, концерти. Прифатете ги предлозите на парнтерот, дури и ако не ви се допаѓаат, неопходни ви се за да ја разбиете монотонијата. Трудете се да бидете прилагодливи овој месец, тоа позитивно ќе се одрази и ќе ви донесе зближување.

Ако сте слободни:

Ќе чувствувате силна потреба за нови контакти и познанства и ќе имате шанса да склопите многу пријателства. Токму едно од тие нови познанства може да развие симпатии. Набрзо можно е да се појави и втора личност со која ќе влезете во паралелна врска. Бидете свесни дека тоа нема долго да трае. Овој месец не почитувате никакви закони, па може да почнете врска и со лице кое не е слободно.

Рак

Ако сте зафатени:

На почетокот на месецот добро би било да разговарате со партнерот за заедничките планови бидејќи тоа ќе ви помогне полесно да излезете на крај со финансиите и потребите кои овој месец ќе ве оптеретат. Партнерот ќе ги поддржува вашите предлози. Бидете посебно внимателни во втората половина од месецот. Инаетот и строгите ставови може да ви донесат само кавги. Флексибилноста е клучна за среќа.

Ако сте слободни:

Вашите страсти се појачани и ќе бидете позаинтересирани за авантури, отколку за врска. Сексуалниот апетит ќе ве натера да пробате нешто ново. Следете го темпераментот. Потребен ви е партнер кој ќе знае да доминира, бидејќи нема да имате трпение за неодлучни личности кои одолговлекуваат. Можно е да се впуштите во афера со некој пријател.

Лав

Ако сте зафатени:

Ќе бидете под големо влијание на партнерот. Тој ќе ви биде поддршка во секој момент, колку и да не ги покажувате своите слабости. Ова е одличен месец за зацврстување на темелите на бракот или врската. Размислете за повеќе заеднички цели и планови. Само внимавајте кога ќе бидете под притисок, да не пукнете и да се истурите токму на него/неа. Тоа никогаш нема да ви го прости.

Ако сте слободни:

Постои некој кој долго време ви е во мислите, па ако од било која причина претходно не сте имале храброст да го направите првиот чекор, сега е идеално време за тоа. Втората половина од месецот е поуспешен за нови почетоци. Токму тогаш е можна посериозна врска. Нема да се разочарате и ако ги обновите контактите со некогашните партнери со кои од различни причини сте се разминале.

Девица

Ако сте зафатени:

Потребна ви е поголема забава. Потрудете се да ја мотивирате саканата личност и поголем дел од слободното време да го поминете заедно. Исто така, поработете на заедничките финансии ако сакате да избегнете кави во иднина. Во втората половина од месецот страстите ќе се зголемат, што е добар сигнал дека ќе се подобри и сексуалниот живот во врската или бракот.

Ако сте слободни:

Потребно е да се ослободите од влијанието на некоја личност со која сте биле во врска одамна, а уште ви буди надежи дека ќе се обнови. Ако постојано мислите на минатото – ќе пропуштите добри шанси и добри познанства кои нема да ги препознаете. Не ги игнорирајте лицата кои директно ќе влезат во приватни и интимни разговори со вас. Прифатете ја нивната храброст и продолжете ја со покана за состанок. На ваше изненадување, ако го направите првиот чекор, успехот ви е загарантиран.

1 2

Прегледи:
879
Ознаки:
· ·
Објавено на:
25.01.2017