„Не сакам да пеглам, и не пеглам за мојот маж. Ако ме сака, сам ќе си ја испегла својата маица“
Ви пренесуваме текст на украинскиот психолог Елена Шпундре која покажува како на љубовта гледа една зрела жена.
„Имам скоро 42 години, и со текот на времето сакам да кажам ека не верувам во „љубов, романса или во среќа“ до крајот на животот. Спрема мажите сум секогаш отворена, и без колебање им давам до знаење што сакам а што не.
Исто така и без многу негодување, има кажувам да одат по ѓаволите.
Не бев ваква отсекогаш, им угодував на мажите, им готвев, им купував поклони, ги чекав нивните пораки, бев спремна да одам со нив до крајот на светот. Секој пат, бев спремна да се предадам во потполост поради љубовта. Но, ако веќе не сум спремна на тоа, дали значи дека повеќе не умеам да сакам?
Кога сме млади, тогаш сеуште се бараме себеси, и тоа може поприлично да боли. некогаш е потребно да поставиме граници, да се преиспитаме себеси како би знаеле кои сме.
Зрелоста е доба кога навистина се среќаваш со самиот себе. После младешката заслепеност и размислување за жртвување, почнуваме да живееме за себеси.
Тоа не значи дека не ни е потребен никој друг. Значи дека сме станале успешни, сме се завртиле кон себеси, полни со самодоверба или осамени? Не.
Сакаме љубов, топлина и односи полни со разбирање исто како и кога сме имале 20 години. Но, до сега сме научиле дека во здравате врска тие нешта се реципрочни.
Затоа повеќе не ги правам овие нешта:
Не чекам порака или повик од мажите
Или прва испраќам порака или ги исклучувам од животот оние кои немаат време ни да ми се јават нити да ми напишат дека се зафатени.
Не сакам да одам на состанок ако местото и времето не ми одговараат
Ако мажот не е заинтересиран за тоа колку жената е зафатена, за нејзините желби, удобност, тоа никако не е добро. Таков маж не ми е потребен.
Не простувам ако не ми купи поклон за роденден
Сакам мажи кои трошат пари на жената која ја сакаат. Луѓе кои се скржави за пари за се останато. Уште ако не го запаметат датумот кој е важен за неговата партнерка, покажуваат колку не ја ценат.
Не можам да оправдам нечиј неуспех на 40 години
Тоа не значи дека само барам пари. Кога бевме млади ескпериментиравме, се обидувавме и паѓавме, работевме различни работи. на 40 веќе треба да имаме некаква кариера и пристојно место во кое живееме.“